Бундеслига: Бохум подобар од Арминија

Во првиот натпревар од 33-то коло од германското фудбалски првенство во петокот вечерта, Бохум на својот терен ја совлада Арминија од Билефилд со 2:1.

Домашните во водство ги донесе Себастијан Полтер во 21 минута, а за гостите израмни во 35 минута Јоаким Нилсон. Но за Бохум да се прости од своите навивачи во оваа сезона со победа се погрижи гостинскиот играч Џорџ Бело со автоголот во 89 минута.

Бохум е безбеден на средината на табелата, моментално е 10-ти со 42 бода, додека Арминија со овој пораз е чекор до испаѓање од Бундеслигата. Тимот од Билефилд остана претпоследен 17-ти со 27 бодови, два помалку од 16-от Штутгарт кој ја држи позицијата која води во квалификациите за опстанок а има меч помалку. Арминија може да го мине Штутгарт само доколку во последното коле го совлада РБ Лајпциг на својот терен, а Штутгарт не освои повеќе од еден бод во своите два преостанати дуели, во неделата на гостувањето кај старо-новиот шампион минхенски Баерн, како и на домашниот меч против Келн во последното коло. Покрај тоа, Штутгарт има и седум голови подобра гол-разлика, па на Арминија ѝ е потребна и убедлива победа против РБ Лајпциг.

Во саботата на распоред се дуелите: Келн – Волфсбург, Фрајбург – Унион Берлин, Гројтер Фирт – Борусија Дортмунд, Хофенхајм – Баер Леверкузен и Херта – Мајнц. Во недела, пак, играат Ајнтрахт Франкфурт – Борусија Менхенгалдбах, Баерн – Штутгарт и РБ Лајпциг – Аугсбург.