
Фудбалерите на Леванте побегнаа привремено од дното на табелата на шпанското првенство со домашната победа од 2:1 над Реал Сосиедад во петокот вечерта во првиот дуел од 35-то коло.
Домашните во водство ги доведе Хорхе Мирамон во 53 минута, а во 66 минута за гостите израмни Давид Силва. Сепак до трите важни бодови во борбата за опстанок Леванте дојде на истокот од регуларните 90 минути, кога прецизен од пенал беше Гонзало Мелеро.
Леванте сега е претпоследен 19-ти со 29 бодови, еден повеќе со меч повеќе од последниот Алавес, но 17-та Мајорка која го држи последното место кое обезбедува опстанок, и натаму му бега три бода со меч помалку.
Реал Сосиедад остана на 56 бодови и е шести, на позиција којашто води во Европската конференциска лига, и ја пропушти шансата барем привремено да го мине Реал Бетис кој со два бода повеќе е петтопласиран и моментално е пласиран за Лига Европа следната сезона.
Реал Мадрид ја обезбеди новата титула со 81 бод, 15 повеќе до второпласираната Барселона. Трета е Севрилја со 64 бодови, а четвертиот Атлетико Мадрид има 61 бод.
Сабота: Мајорка – Гранада, Атлетик-Валенсија, Селта-Алавес, Кадиз-Елче и Бетис – Барселона
Недела: Хетафе – Рајо Валјекано, Виљареал – Севилја, Еспањол – Осасуна и Атлетико – Реал М.