Дневен хороскоп за сабота, 7-ми мај 2022-ра

ОВЕН
Ве очекува остар пад на енергијата. Напнатоста може да предизвика отворени судири со личности кои ви се пријатели. Посесивното однесување на саканата личност дополнително ги отежнува сите ваши обиди да ги поправите работите и да ја сочувате врската.

БИК
Ве привлекува личноста со којашто е невозможна љубовна врска. Страственото расположение го претворате во креативност што ве исполнува со драгоцена енергија.

БЛИЗНАЦИ
Повлековте брзоплети потези, поради што се најдовде во привидно безизлезна ситуација. Блефот не успеа, па пред вас е непријатен разговор со претпоставените. За да ги ублажите последиците, доброволно преземете ја одговороноста и разрешете го проблемот.

РАК
Конечно би можеле да ја донесете одлуката којашто толку долго ја одложувате. Кога еднаш ќе се скршите и победите себеси и својата нерешителност, ќе сфатите колку убавина има во преземањето на одговорноста. На тој начин дарувате слобода, како и себеси, така и на партнерот.

ЛАВ
Крајот на еден циклус на работата ќе ве направи многу горди. Вашиот удел е голем, а за сатисфакција очекувате материјална награда. Без оглед на вашите реални заслуги, бидете подготвени на тоа дека финансиската добивка нема да биде сразмерна на вложениот труд.

ДЕВИЦА
Во центарот на вниманието се семејните односи, без разлика дали станува збор за вашето семејство или на вашиот партнер. Пожртвуваноста е она што ве карактеризира, но овојпат не сте сигурни дали вашиот ангажман е неопходен. Попрво слободното време би го преспале.

ВАГА
Околу вас се генерира негативна енергија, којашто самите ја покренавте. Ви се чини дека опкружувањето ве исцрпува, а го пренабрегнувате тоа дека и вое нив, со своето неговдување, ги оптоварувате. Не заборавајте дека она што пристигнува до вас е сразмерно на она што го давате.

ШКОРПИЈА
Непланираните трошоци ве исфрла од рамнотежата. Не разбирате зашто, иако сте ангажирани до изнемоштеност, не можете финансиски да составите крај со крај. Проблемот не е во малиот прилив на пари, туку во вашето претходно трошење.

СТРЕЛЕЦ
Можни се проблеми во љубовните односи. Во минатото славевте мала победа со којашто на партнерот му дадовте до знаење каде му е местото. Денеска тоа доаѓа за наплата, а вашиот авторитет може да биде поткопан доколку своето его не го зауздате навреме.

ЈАРЕЦ
Имагинативни сте, сестрани и полни со идеи, па големи се шансите дека тоа добро ќе го наплатите. Меѓутоа, за да остварите некои поголеми цели ќе мора и нешто да жртвувате, а тоа е најверојатно нешто што е поврзано со вашиот приватен и љубовниот живот.

ВОДОЛИЈА
Поволен ден за истражување и учење. Извесно е и тоа дека ќе добиете понуда да се приклучите во некоја хуманитарна организација, каде што целосно би сте се искажале, бидејќи вашата комуникативност и моќ за убедување за таа работа се драгоцени.

РИБИ
Ве очекува важен урок во кој ќе мора да го надвладеете својот песимиза, што е една од вашите особини која често работи против вас. Верувате во своите интелектуални капацитети, но исто така морате да бидете свесни дека е нереално секогаш вие да сте во право.