Две лица повредени во налет на возило на пешаци кај Русиново

Во петокот околу 13 часот во СВР Штип било пријавено дека на локалниот пат Русиново-Русинска крстосница, на место викано Шталите, атар на селото Русиново, патничко моторно возило „киа капитал“ со беровски регистарски ознаки, управувано од А.М.(20) од с.Русиново, удрило во пешаците Ж.М. на 59 и К.П. на 38 години, двајцата од Русиново.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата пешаци констатирани во Медицинскиот центар во Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Берово.