ЕУ ги вложува последните напори за спас на иранскиот нуклеарен договор

Европската унија ги вложува последните напори да го спаси нуклеарниот договор кој во 2015 година го склучи Иран со шест светски сили, настојувајќи да го прекине застојот во новите преговори, пишува во саботата весникот Financial Times.

Високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, за весникот изјавил дека го бара „средниот пат“ кој би овозможил прекин на засотјот во преговорите, бидејќи тој би можел да ги поништи дипломатските напори на Брисел кои траат веќе подолго од една година.

Преговорите за обновување на договорот се во прекин од март, главно поради инсистирањето на Иран на тоа САД да ја симнат од листата терористички организации Исламската револуционерна гарда (IRGC), елитната безбедносна сила на Техеран.

Борел го разгледува сценариото според коешто би се отстранила ознаката за терористичка организација од Ислмаската револуционерна гарда, но таа би била задржана за другите ограноци на организацијата, кои ги има неколку а поседува и голема деловна структура преку којашто се финансира, пишува Financial Times.

Борел рекол дека сака и преговарачот на ЕУ, Енрике Мора, да го посети Техеран за со тамошните власти да разговара за ова прашање. Додал дека Техеран „доста се колеба“, а дипломатскиот притисок го нарекол „последен обид“. Во написот стои и дека шефот на дипломатијата на ЕУ рекол дека на преговарачот на Иран, Брисел нема намера да му постави ултиматум.

Британската агенција Reuters минатата седмица извессти дека иранскиот владејачки клер, поттикнат од порастот на цените на нафтата на светските пазари поради руско-украинската војна, не брзаат со заживување на нуклеарните преговори.

Според Заедничкиот сеопфатен акциски план (Joint Comprehensive Plan of Action – JCPOA, потпишан во ноември 2015 година во Виена, Иранс се согласи да ја ограничи својата нуклеарна програма за којашто сѐ уште тврди дека нема воени туку енергетски и научни цели, во замена за укинувањето на децениските меѓународни санкции.

Според овој текст кој го договорија Иран и шесте големи сили, од кои пет постојани членки на Советот за безбедност при Обединетите нации – САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција плус Германија, Техеран се согласи да ја замрзне својата нуклеарна програма на збогатување ураниум и затворање на центрифугите за тоа до високо ниво од кое лесно може да се дојде до нуклеарна бомба до 2025 година. За возврат беа укинати дел од децениските меѓународни санкции против Иран.

САД еднострано се повлекоа од иранскиот договор во мај 2018 година и го вратија децениските санкции против Иран, барајќи нов договор во кој ќе биде опфатена и иранската ракетна програма. Потоа Техеран, откако европските потписнички на договорот – Велика Британија, Германија и Франција не можеа да гарантираат заштита од американските санкции на иранската економија и ги повлекоа своите големи инвестиции од земјата, започна со постепено суспендирање на одредени свои обврски од договорот. Во прв ред тоа се однесување на нивото и количеството на збогатениот ураниум, што ги предизвика стравувањата дека Иран многу набрзо може да дојде до нивото од кое е лесно да се произведе никлеарно оружје.