ФОТО| Бројот на жртвите во експлозијата во Хавана се искачи на 18 луѓе

Бројот на загинатите во експлозијата во хотелот „Saratoga“ во центарот на Хавана се искачи на 18, објави ноќта кон саботата кубанската влада на својат профил на Twitter.

„Според прелиминарните податоци, познато е за 18 загинати, меѓу кои има бремена жена и дете“, се истакнува во објавата. Последните информации зборуваат и за уште 40 повредени, како и за 12 исчезнати лица.

Кубанскиот претседател Мигуел Диаз-Канел, обраќајќи се од местото на трагедијата за кубанската телевизија, изјави дека експлозијата во хотелот „Saratoga“ не го предизвикала бомба, додавајќи дека се чини дека најверојатната причина за експлозијата лпјка разнесе неколку ката во висина на страна од зградата е истекување на гас.

Државната телвизија соопшти дека експлозијата „не е терористички напад“, додавајќи дека хотелот е творен и дека во време на експолозијата во внатрешноста имало само работници.

Весникот Granma, официјалното гласило на кубанската Комунистичка партија, објави фотографии на повеќекатниот хотел „Саратога“ со ѕидови кои не се разнесени од експлозијата.

Медиумите пренесуваат изјави на очевидци, кои наведуваат дека виделе чад и пламен. Биле забележани возила на итната медицинска помош, лекари, медицински сестри, полицајци но и љубопитни минувачи.

Полицијата и спасувачите дошле на местото на трагедијата откако бил поставен кордони околу местото на експлозијата и околните згради, вклучително и историската градба Капитолио.

Хотелот, во неокласицистички стил, го преуредила британска компанија по распадот на Советскиот сојуз, главен сојузник на Куба во спротиставувањата со САД, и со години во него престојувале владини функционери и славни личности.

Неодамна го загуби својот сјај со отворањето нови хотели во Хавана, но и натаму има пет ѕвездички. Требало да биде отворен, по затворањето во пандемијата, по четири денa

.

.