Маж пронајден застрелан во скопско

Во петокот околу 16 часот во Полициското одделение Мирковци било пријавено дека во скопското село Кучевиште, било пронајдено лице со рана од огнено оружје.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за 64- годишниот П.С. од Кучевиште. Тој бил пренесен во здравствена установа за укажување лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.