Москва објави за уништување американско и европско оружје во Украина

Оперативно-тактичката и армиска авијација во текот на изминатата ноќ погодила 18 воени објекти во Украина, меѓу кои и командни центри, локации на концентрација на жива сила и воена опрема, како и складишта за муниција, изјави во саботата портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков.

Како што прецизирал Конашенков, во регионот на Харков, на истокот на Украина, биле погодени два командни пункта, пет локации на кои имало единици на украинската војска, три складишта за миниција и горива во близина на црноморскиот пристанишен град Одеса.

Исто така, според портпаролот на руското министерство за одбрана, во областа на Харков била гаѓана и железничка станица кај Богодухов, каде што било уништено големо количество вооружување испорачано од САД и од европски земји.

Според Конашенков, во споменатите напади биле убиени 280 припадници на единиците составени од припадници на крајнодесничарските украински движења, кои Москва ги означува како неонацисти, како и 48 единици разно вооружување и воена опрема.

Покрај тоа, руските воздушни сили со високопрецизни ракето погодиле пет области во кои имало украинска жива сила, како и складиште за муниција на територијата на сепаратистичката проруска Доњецка облас којашто сѐ уште е под контрола на украинската војска.

Конашенков додал дека во текот на ноќта руските системи за противвоздушна одбрана собориле 13 украински беспилотни летала во регионот на Никоалевката област и кај уште десетина населени места во Харковската и Херсонската област. Над градот Изјум, во регионот на Харков, биле пресретнети девет проектили од повеќекратниот ракетен систем „Смерч“ и три украински балистички ракети „Точка-У“.

Покрај тоа, ракетните трупи и артилеријата на руските копнени сили во текот на ноќта кон саботата погодиле 240 цели на вооружените сили на Украина. Меѓу тие цели, биле 44 командни центри и 196 позиции на укранските единици.

Според руското министерство за одбрана, од почетокот на офанзивата, којашто Москва ја нарекува „специјална воена операција“ во Укриана, биле унитешни 112 хелокоптери, 152 авиони, 762 беспилотни летала, 295 противвоздушни ракетни системи, 2.895 тенкови и други бодбени оклопни возила, 333 инсталации на повеќекратни ракетни системи за лансирања. 1.346 тенерски артилериски оружја и минофрлачи, како и 2.716 специјални воени возила.

Истоврмено во саботта Генералштабот на украинските вооружени сили објави дека вкупните загуби на Русија во војната против Украина надминаа 25.000 војници. Според украинскиот Генералштаб, уништени се 1.122 тенкови, 2.713 оклопни борбени возила, 509 артилериски системи и 84 системи за противвоздушна одбрана. Исто така, се тврди дека се уништени 199 авиони, 155 хеликоптери, 155 бродови и чамци, 341 беспилотни летала и 90 крстосувачки ракети.