
Британецот Џорџ Расел од тимот на Мерцедес беше најбрз на вториот тренинг за трката за Големата награда на Мајами којашто првпат викендов се вози во рамките на светското првенство во класата Формула 1.
Возачот од Монако во тимот на Ферари, Шарл Леклер, кој е водечкиот во генералниот пласман во досегашниот тек од шампионатот, беше втор, додека трет беше Мексиканецот Серхио Перез од екипата на Ред Бул.
Првиот тренинг во Мајами, пак, му припадна на Леклер а Расел беше втор.
Во саботата во 13 часот по локално време, или во 19 часот по средноевропско време, ќе се одржи третиот тренинг, додека квалификациите се во 16 односно 22 часот по средноевропско време.
Патеката на којашто ќе се вози Големата награда на Мајами е дола 5,41 километри, а се протега околку „Хард Рок Стадион“, домот на хокеарскиот тим Мајами Делфинс и тенеските терени на кои се одржува Мастерсот во Мајами.