
Украина презема дипломатски чекори за да ги спаси бранителите заробени во челичарницата „Азовстал“ крај јужниот пристанишен град Мариупол, изјави во вообичаеното доцно ноќно обраќање претседателот Владимир Зеленски.
„Тие чекори вклучуваат угледни посредници и држави“, додаде Зеленски во водео-пораката објавена ноќта кон саботата.
Но украинскиот претседател овојпат не наведе никави поединости, ниту лицитираше со бројот на украинските борци кои се последниот џеб на отпорот во Мариупол, засолнати во утврдените подземни коридори во металуршкиот комбинат „Азовстал“ кон Азовското Море.