
Во последниот натпревар од саботната програма на италијанското фудбалско првенство, Лацио рутински на својот „Олимпико“ со 2:0 ја совлада Сампдорија.
Стрелци за Лацио беа Патрик во 41 и Луис Алберто во 59 минута. Со победата Лацио дојде на петтото место на табелата со 62 бода, три повече од градскиот ривал Рома, која во понеделник ќе гостува кај седмата Фиорентина со 56 бодови.
Лацио на две кола пред крајот го држи местото во Лига Европа, а на последното кое води во Лигата на шампионите е Јувентус со недостижни 69 бодови. Сампдорија е 16-та со 33 бодови, пет повеќе од 18-от Калјари кој е во зоната на испаѓање но има меч помалку.
Претходно во саботата Наполи оствари минамална победа од 1:0 на гостувањето кај Торино. Стрелец беше Фабиан Руиз во 73 минута со прецизен удар од 15 метри. Голот дојде 13 минути подоцна откако домашниот голман Бериша бравурозно го одбрани пеналот што го изведе Лоренцо Инсиње.
Македонскиот репрезентативец во игра влезе во 77 минита на местото на Инсиње, а „пожолте“ длабоко во судиското продолжение. Наполи се зацврсти на третата позиција со 73 бодови, зад водечкиот Интер со 78 бодови и Милан кој има бод но и меч помалку. Торино е 10-ти со 47 бодови.
Сасуоло и Удинезе ремизираа со резултат 1:1. Домашните поведоа во 6 минута со голот на Џанлука Скамака а за гостите израмни Брам Нујтинк во 77 минута. Сасуоло е 11-ти со 47 бодови, а Удинезе е место подолу со три бода помалку.