
Британскиот телевизиски канал Sky News го прекина интервјуто во живо на темата за војната во Украина со Дмитриј Полјански, првиот заменик постојан претставник на Русија во Обединетите нации, кога дипломатот зборуваше за глорификацијата на нацизмот во Украина и за воената поддршка на Киев од Лондон, пренесуваат во понеделникот вечерта руските медиуми.
Претходно Полјански истакнал дека документите до кои дошле руските војници во текот на своите операции во Украина укажуваат на тоа дека постоеле конкретни планови за напад врз Русија од територијата на Украина.
Не прецизираше каде се најдени наводните документи и за кој период се однесуваат, но според контекстот се чини дека станува збор за периодот пред почетокот на руската офанзива на 24-ти февруари.
„Можам да кажам дека сега е очигледно дека во моментов водиме прокси војна. НАТО води прокси војна со Русија, а не обратно. Тоа е реалноста со којашто се соочуваме“, изјави Полјански за британската телевизиај Sky News.
Дипломатот, исто така, исакнува дека слични планови за воена операција во Киев се разработувале и за одметнатата по превратот во Киев во 2014 година проруску источен регион Донбас.
„И документите на генералскиот состав на Украина, кои ги добивме, укажуваат на тоа“, додава Полјански.
Според тоа, оценува дипломатот, Русија со нападот во Украина, извршила своевиден превентивен удар.
Водителот на Sky News го прекина разговорот во живо со Полјански кога овој забележа дека украинскиот претседател Владимир Зеленски ја илустрирла својата објава на социјалните мрежи со фотографија на украински војник со амблем на злогласна SS дивизија.
Претходно во понеделникот Зеленски објави на социјалните мрежи објава посветена на Денот на победата над нацизмот, илустриајќи ја со избор фотографии на кои се прикажани украински војници и цивили. На една од нив е војник со амблам на нацистичката дивизија на градите. По извесно време објавата е редактирана и спорната фотографија е повлечена.
„Ова што го прави Велика Британија денес, заборавајќи на сѐ за што се боревме, претставува апсолутна катастрофа и срам. Ќе ви дадам само еден пример – ќе ви покажам што се појави на официјалната страница на Зеленски на Instagram. Го гледата амблемот? Занете пто е тоа? Тоа е амблемот на германската SS дивизија во Втората светска војна. На Денот на победата тој објави слика на борец на Десниот сектор со тој амблем, тврдејќи дека е симбол на борбата против нацизмот“, рече Полјански во емитувањето во живо.
Водителот се обиде да го прекине дипломатот, но Полјански ги замоли да не го прави тоа.
„Тоа беше повлечено по половина час, но секако дека имаме копија. Дали знаете дека оваа дивизија Тотенкопф е одоговорна за убиството на 100 Британци во Фанција на почетокот од Втората светска војна? Тогаш тоа зналчи дека Британија сега ги прикрива украинските власти кои прикажуваат нацистички сомболи на Денот на победата. А овие нацистички симболи ги користеа истите единици кои ги убиваа Британцијте. Не ви се чини чудно“, го праша Полјански водителот.
Потоа водителот го прекина соговорнокот велејќи дека имал можност да се искаже, но оти времето за емитувањето во живо истекло.
Како што подоцна напиша Полјански на Telegram „водителот „брзо, брзо го прекрати разговорот, мрморејќи дека напето време, се покажало, одеднаш истекло, и дека Sky News не може да ја потврди точноста на оваа инфорамција“.
„Ја имате … слободата на говорот на Западот.. ним вистината не им е потребна! Сега стопати ќе размислата пред да повикаат руски дипломат во директна програма“, заклучува Полјански,
„Моето интервју за Sky News не им се допадна на британските новинари. Слушнаа многу неубави и крајно непријатни работи. А крајот се покажа како скандалозно воопшто“, истакна Полјански во понеделникот на неговиот канал Telegram.
„Водителот ги спомна денешните зборови на британскиот министер за одбрана (сѐ уште не сум слушнал за нив) дека оние што денеска маршираат на Црвениот плоштад, велат тие, поради акциите на Русија во Украина, го обесчестуваат споменот на оние кои го победија фашизмот. Ме праша што мислам за тоа“, додава Полјански.
„Одговорив дека ова валкање го оставам на совеста на британските власти и поставив контра-прашање. Дали британските власти се засрамени од фактот што на нивната официјална страница на Instagram украинскиот претседател (Владимир) Зеленски им ја честиташе победата над нацизмот со фотографија на која е прикажан националист од Десниот сектор со нацистичкиот амблем на дивизијата Тотенкопф (Мртовечка глава)? Фотографијата беше отстранета по половина час, но корисниците на интернет успеаја да ја сочуваат, ја покажав на екранот. И прашав: дали британската јавност знае дека оваа дивизија е одговорна за егзекуцијата на околу сто британски воени затвореници во Франција на почетокот на Втората светска војна?“, пошува натаму Полјански.
Потоа, водителот посочила на недостатокот од време и неможноста да ги потврди информациите искажани од Полјански. Како што јави дописникот на ТАСС, по кратка пауза стапил во контакт со украински парламентарец и експерт од Вашингтон, веднаш прашувајќи ги за нивните впечатоци од интервјуто на рускиот дипломат.