
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“, Игор Јанушев, Дафина Стојаноска и Ели Панова во просториите на Собранието на Република Македонија оствари официјална средба со Азај Гулијев, потпретседател на парламентарното Собрание на ОБСЕ и специјален претставник за Југоисточна Европа.
На средбата соговорниците разговараа за актуелната политичка состојба во Македонија како и за барањата на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори, кои се повеќе од неопходни за излез од оваа криза.
Истовремено, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски побара и поддршка во преговорите со Бугарија, каде што државата е заглавена, поради лошите преговарачи од македонската владејачка гарнитура.