Поворка со Георгиевската лента мина во украински Мариупол

Припадниците на проруските сепаратистички власти во понеделникот во поворка го носеа големото знаме на свети Георгиј, рускиот историски родољубив симбол, одејќи низ улиците на јужниот украински пристанишен град Мариупол, кој и пред војната беше административно во границите на самопрогласената Доњецка Народна Република, кој во руската офанзива од 24-февраури е под целосна контрола на проруските и руските сили.

Поворката се одржа по повод одбележувањето на 9-ти мај, денот над победата над нацистите во Втората светска војна, којашто Русија ја нарекуваат и Големата татковинска војна.

Лентите и знамињата со портокалово-црни траки се историски симбол на руското ослободување, а станаа повторно актуелни во 200 година и ги носат милиони Русија во спомен на руските војници загинати во војните,

Знамето долго 300 метри во понеделникот во Мариупол го носеше поворка на чие чело беше Денис Пушилин, челникот на проруската власта прогласена во март 2014 година во Доњецк.

На фотографијата којашто Пушилин ја објави на Telegram, се гледаат мноштво жители на градот кој поради стратешката важност беше сцена на најжестоките борби со украинските сили.

„Заедно со жителите на Мариупол денеска, на Денот на победта, го носевме големот знаме на свети Георгиј долго 300 метри“, напиша Пушилин.

Во времето на прогласувањето на ДПР во 2014 година, Мариупол, со население од околу 450 илјади луѓе, беше вториот по големина град во републиката по Доњецк. Меѓутоа, во јуни истата година, украинските безбедносни сили ја вратија контролата над Мариупол. На 7 март 2022 година, дванаесет дена по почетокот на руската офанзива, Александар Семјонов, заменик командант на баталјонот Восток на ДПР, рече дека градот е опколен и дека започнало чистење на некои од неговите области. На 16-ти април руското министерство за одбрана објави дека градската територија на Мариупол е исчистена од украинската армија, странските платеници и припадници на паравоените формации на екстремните десничарски движења од злогласниот полк „Азов“ од кои неколку илјади сѐ уште се утврдени во комбинатот „Азовстал“.

Мариупол е пристанишен град на Азовското Море со околу 480.000 жители во областа Доњецк, историска козачка крепост и е на патот од Русија кон Крим. Според последните податоци од 2011 година на отворени извори, околу 48 отсто од населението се Украинци и претежно русофони, 43 отсто се етнички Руси, 7 отсто се Грци а другото го сочинуваат Белоруски, Евреи, Ерменци, Бугари и други нации. Рускиот јазик го зборувале 87 отсто, а укринскиот го користеле помалку од 10 отсто, односно мешавина од руски и украински.