
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во планинските подрачја на северозапад ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен североисточен, а во југоисточните делови југоисточен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 25 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево и се потопло време. Во попладневните часови, особено утре ќе има локално зголемување на облачноста со краткотраен пороен дожд и грмежи. Во петок и сабота ќе биде понестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.