
Илјадници униформирани војници и десетици најсовремени тенкови, хаубици и оклопни возила ќе поминат низ култниот Црвен плоштад во Москва денеска, додека Русија ја слави победата над нацистичка Германија и нејзините сојузници во Втората светска војна.
Најсовремените борбени тенкови Т-14 Армата, ракетните системи за противвоздушна одбрана С-400 и други врвни оружја ќе бидат изложени на Црвениот плоштад.
Настанот ќе биде проследен со цивилен марш наречен Бесмртен полк, во кој луѓето носат портрети на своите роднини кои се бореле во војната.
Слични паради и маршеви се одржуваат и во други градови низ Русија.