
И во минатото ние правевме активен бојокот, но и блокиравме се што е штетно за државата, рече во емисијата „Што не е јасно“ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
-Кога имаме енергетска криза, кога имаме здравствена криза, кога имаме ценовни шокови моментално во Македонија, а ги имаме многу, затоа вчера извадивме еден транпарент, дека е национален хаос и национална катастрофа се ова што се случува во Македонија и затоа се потребни предвремени парламентарни избори што поскоро, истакна Мисајловски.
Тој додаде дека тие како ВМРО-ДПМНЕ подадоа рака за да не се стигне до ваквата криза во државата.