
Хрватскиот парламент со мнозинство гласови во петокот го усвои Законот за воведување на еврото како официјална валута во Хрватска.
За законот гласаа 117 пратеници, 13 беа против, а еден воздржан.
Еврото треба да стане официјална валута во Хрватска на 1-ви јануари следната година, а пред целосно да ја замени куната, од 5-ти септември цените би се изразувале во двете валути.
Плаќањето во двете валути би требало да трае и следната 2023 година.
Пред гласањето, во парламентот дел од опозицијата повторно се спротивстави на воведувањето на еврото.