
На 14.05.2022 во 11:10 часот на регионалниот пат Скопје-Тетово во с.Желино се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „поло“, управувано од Б.Д.(24) од Тетово и патничко возило „голф“, управувано од Н.Ј.(30) од с.Ларце, и двете со тетовски регистарски ознаки.
Во несреќата Н.Ј.(56) од с.Ларце, сопатничка во возилото „голф“ се здобила со тешки телесни повреди, а возачот Н.Ј. со телесни повреди, констатирани во Клинички центар Тетово.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Тетово.