
Италијанската полиција денеска соопшти дека спречила кибернапади врз Евровизија.
-Специјалните единици на Министерството за внатрешни работи за борба против компјутерскиот криминал, во соработка со организаторите на Песна на Евровизија и техничките служби на државната телевизија и радио корпорација „Раи“, елиминираа различни ДДОС компјутерски напади насочени кон мрежната инфраструктура за време на гласањето и настапите на уметниците, се наведува во соопштението на италијанската полиција.
Хакери од проруската група „Клиент“ се обиделе да продрат во системот на Евровизија на отворањето и синоќа, за време нафиналето.
На Евровизијата во Торино, Италија победи украинскиот оркестарот Калуш со песната „Стефанија“.