
Европската комисија во понеделникот ја објави процената дека инлфацијата во зоната на Европската унија ќе го достигне врвот во вториот квартал годинава и ќе се искачи на 6,9 отсто, а пота би требало постепено да почен да паѓа и ќе се спуст на 2,7 отсто следната година.
„Очекуваме ифлацијата да кулминира во сегашниот, втор квартал годинава и потоа ќе би почнала постепено да паѓа“, рече на прес-конференцијата еврокомесарот за економија Паоло Гентилони.
Инфлацијата во ЕУ започна да расте од февраури минатата 2021 година. Во последното тирмесечје минатата година беше 4,6 отсто, а во првото тримесечје годинава се искачи на 6,1 отсто. Во еврозаоната инфалцијата во април била 7,5 отсто, што е најголемата забележана стапка на ифлација во историјата на европската монетарна унија.
Инфалцијата во еврозоната оваа година би требало да изнесува 6,1 отсто, а потоа ќе падне на 2,7 отсто во 2023 година. ЕК во зимските економски прогнози од февруари годинава го проценуваше растот на инфлацијата по стапка од 3,5 отсто годинава.
Инфалцијата на нивото на целата 27-члена ЕУ би пораснала од 2,9 отсто минатата година на 6,8 отсто годианва и да падне на 3,2 отсто следната година.
Основната инфлација, којашто се добива кога ќе се отстранат нестабилниет компоненти како цените на енергијата, е проектирана над 3 отсто во 2022 и во 2023 година, како во еврозоната така и во целата ЕУ, што е над целта на Европската централна банка (ECB) од 2 отсто во среднорочен период.
Поединечно по државите члнеки, ЕК очекува највисока инфлација во Литванира од 12,5 отсто, потоа во Бугарија 11,9 отсто, Полска 11,7 и Чешка од 11,6 отсто. Најниската инфлација, пак, се очекува во Португалија од 4,4 отсто, на Малта и во Финска од 4,5 отсто.