Лавров: Влезот на Финска и Шведска во НАТО нема ништо да промени

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави во вторникот дека влегувањето на Финска и Шведска во НАТО веројатно нема ништо важно да промени, имајќи предвид дека и двете земји веќе долго време тесно соработуваат со Алијансата и учествуваат на заедничките воени вежби.

„Финска и Шведска, како и други неутрални земји, веќе долга низа години учествуваат во воените вежби на НАТО. НАТО ја зема предвид нивната територија кога го планира военото настапување на истокот. Така што, во таа смисла веројатно нема да има голема разлика. Погледнете како нивната територија како нивната територија се користи во практиката во Северноатлантскиот сојуз“, рече Лавов.

Финскиот парламент веројатно денеска ќе гласа за гласањето за приклучување на НАТО што ќе биде историска промена на финската одбранбена политика, за што изговорот се бара во руската воена интервенција во Украина.

Финската извршна власт, претседателот Саули Ниинисто и владата на премиерката Санна Марин, одлучија Финска да испрати официјално барање да му се приклучи на НАТО под услов тоа да го прифати и законодавната власта, односно парламентот.

Парламентарна расправа одржана на оваа тема во понеделникот траеше 14 часови. Зборуваа 212 пратеници и големо мнозинство од нив се изјаснија позитивно во врска со влезот во НАТО. Десет паралемнтарни работни тела, вклучително и комисиите за надворешна политика и за одбрана, веќе ја прифатија идејата. Гласањето се очекува во текот на попладнето во вторникот и се очекува дека барањето за влез во НАТО ќе биде прифатено со убедливо мнозинство.