Видео| Заврши битката за Азовстал, Русија ja презеде контролата врз Мариупол

    Фото: gettotext.com
    Service members of pro-Russian troops stand guard near a temporary accommodation centre for evacuees during Ukraine-Russia conflict in the village of Bezimenne in the Donetsk Region, Ukraine May 1, 2022. REUTERS/Alexander Ermochenko

    Над 260 украински војници меѓу кои има и ранети, се евакуирани од фабриката за челик Азовстал во пристанишниот град Мариупол. Војниците ја послушаа наредбата на украинската воена команда и синоќа го положија оружјето и се предадоа на руските сили.Тие со автобуси се евакуирани во области под руска контрола, а повредените се хоспитализирани, соопшти руското министерство за одбрана.

    Со ова Русија ја презеде контролата врз градот после 82 дена бомбардирање и жестоки битки. Заменик-министерката за одбрана на Украина изјави дека 53 тешко повредени војници биле евакуирани во градот Новоазовск, кој е под руска контрола, а повеќе од 200 други се пренесени преку коридор до Оленивка.

    Киев се надева дека украинските војници и членови на батаљонот Азов ке бидат разменети  за руски воени заробеници.

    Во челираницата што сега е во рацете на руската армија, се уште има непознат број украински броци, а претседателот на Украина Зеленски порача дека се прават обиди и тие да бидат евакуирани. „Сакам да нагласам дека на Украина, украинските херои ѝ се потребни живи“, изјави тој.

    Москва не соопшти дали евакуираните украински борци ќе бидат третирани како воени злостосторници или како воени заробеници. Портпаролот на Кремљ само изјави дека ќе имаат третман според релевантните меѓународни закони.

    „Вчера започна предавањето на милитантите на националистичката единица Азов, заробени во фабриката Азовстал во Мариупол“, изјави Игор Конашенков, портпарол на руското Министерство за одбрана.