
Оваа мерка АТП ја презема против грен слемот, бидејќи организаторите им забранија настап на спортистите од Белорусија и Русија, поради руската инвазија на Украина. Одземањето на поени на Вимблдон, сега засега важи само за машкиот дел од турнирот, а наскоро се очекува и одлуката на ВТА за женските натпреварувачи.
„Дискриминација на индивидуални турнири едноставно не е издржлива на турнејата која оперира во повеќе од 30 земји“, се вели во дел од соопштението на АТП.