
ЈП „Водовод и канализација“ информира дека денеска поради уличниот дефект ф-600 мм на Борис Трајковски бб (пред мостот во Драчево), повторно ќе кружат цитерни со за питка вода за граѓаните.
Распоредот на цистерните за питка и техничка вода е следен:
Усје 09-10 часот
Пинтија 10-11 часот
Батинци 11-12 часот
с. Драчево 12-13 часот
н. Драчево 13-14 часот
н. Драчево 09-10 часот
с.Драчево 10-11 часот
с. Д.Лисиче 11-12 часот
с. Студеничани 12-13 часот
с. Морани 13-14 часот
Зависно од населеното место цистерните ќе бидат лоцирани пред училиштата и градинките или на главната улица доколку се работи за засегнатите села.