Лукашенко го обвини Западот дека се обидува да ја „распарчи“ Украина

Белорускиот претседател Александр Лукашенко изјави во понеделникот дека е загрижен поради тоа што Западот се обидува да ја распарчи Украина и ја обвини соседна Полска да го заземе западниот дел од земјата.

На средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи, кој беше пренесува на телевизијата, Лукашенко реле дека Киев на крајот ќе мора да побара помош од нивните две земји за да го спречи заземањето на западна Украина.

Од почетокот на руската воена интрвенција во Украина се споменуваат одвојувања на украинската територија во полза на соседните земји, кои историски полагаат право на одделни области или тие се населени со нивни малцинства.

Полскиот претседател Анджеј Дуда ја понуди помошта на Варшава во оддржувањето на Украина, и покрај шпекулациите дека неговата земја е заинтересирана за некои територии присоеднити на Украина од СССР по Втората светска војна, пред пратениците во Киев.

„Се појавија загриживачки мислења дека Украина би требало да се согласи на барањата на (рускиот претседател Владимир) Путин. Само Украина има право да одлучива за својата иднина“, рече Дуда без да прецизира кои се барањата на Москва.

Киев е поддржан во тврдењата главно од Лондон и Вашингтон дека ѝ нанел на Русија воени несупеси, па е нејасно поради што украинските функционери се загрижени дека ќе се најдат под притисок да жртвуваат територија за постигнување мировен договор.

„Војната мора да заврши со целосно обновување на украинските територијален интергитет и суверенитет“, објави во неделата на Twitter шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Ермак.

Главниот украински преговарач во преговорите кои од крајот на март по средбата во Истанбул не се обновија, Михаило Подолјак, претходно во неделата ја отфрли можноста за територијални концесии и ги отфрли повиците за прекин на огнот, велејќи дека тоа би значело дека руската војска ќе остане на заземената украинска територија, што за Киев е неприфалтиво.

„(Руските) сили мора да ја напуштат земјата, по што ќе може да продолжи мировниот прцес. Концесите би можеле да имаат спротивен ефект, бидејќи Русија прекинот на борбите ќе го искористи за да закрепне и да се врати уште посилна“, изјави Подолјак во интервјуто за агенцијата Reuters објавено во саботата, и споменатите повици на моментален прекин на огност ги нарече „многу необични“.