ВИДЕО| Кина и Русија ги одржаа првите заеднички маневри по почетокот на војната во Украина  

Кинеските и руски воени авиони заеднички извеле тринаесетчасовно патролирање над Јапонското Море, Источнокинеското Моред и западниот дел од Тихиот Океан, објавија во вторникот министерствата за одбрана во Пекинг и во Москва.

Станува збор за првата ваква заедничка воздушна вежба по почетокот на руската воена интервенција во Украина, а којашто објавата на кинеското министерство за одбрана била дел од годишните воени маневри и исто како и руските колеги истакнуваат дека тие не се „насочени кон трети земји“. Двете земји претходно вакви заеднички воздушни патроли изведуваа и во во 2019, 2020 и во втората половина од 2021 година.

Во партолирањето од кинеска страна учествувале групација на стратешките бомбардери со долг лет „Hōng-6K“ и од руска страна стратешките носачи на ракети од типот „Ту-95МС“.

Руското министерство за одбрана додде дека кинеско-руската воздушна групација биле придружувана од група руски повеќенаменски ловци од типот „Су-30СМ“. Се додава и дека во одредени фази од летот по дадената рута, заедничката воздушна формација биле следена од авионите „F-15“ на воздухопловните сили на Јапонија и од „F-2“ на воаната авијација на Јужна Кореја.