Млада делчевка злоупотребила туѓа платежна картичка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против 19-годишната С.А. од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”.

Кон крајот на февраури годинава пријавената во Делчево пронашла дебитна картичка, сопственост на М.Т., со пин, по што во два наврати подигнала 16.000 денари од банкомат и ја оштетила М.Т. за таа сума.