Од денеска повторно е отворена Амбасадата на Македонија во Киев

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во рамки на посетата на Украина ја отвори амбасадата на Македонија во Киев, која беше привремено затворена заради безбедносни причини пред почетокот на руската офанзива

Со свечено подигнување на знамето од страна на министерот, амбасадата отпочна со извршување на своите редовни активности.

„Ова не е само симболична порака, туку суштински израз на пријателство и солидарност кон украинскиот народ и држава“, изјави Османи.

Министерот на средбата со неговиот колега по должност Дмитро Кулеба, информираше и за одлуката на Владата која беше донесена во пресрет на посетата, со која се обезбедува итна финансиска помош за Украина во износ од 100 илјади евра.