
Утрово протестираат земјоделците од Oпштина Босилово.
Според нашите информации, производителите на компир од Иловица и Штука во овој момент протестираат поради ниската откупна цена на компирот.
Тие бараат одговор и средба со министерот за земјоделие, но засега немаат никаков одговор.