Сепаратистите објавија за заземање стратешки град во Донбас и големи загуби на украинските сили

По неколкудневни борби проруските сепаратисти од самопрогласената Народна Република Доњецк објавија во петокот дека воспоставиле целосна контрола над стратешкиот град Лиман во источна Украина, пренесуваат медиумите и истовремено се известува за нанесување тешки загуби на украинските сили во областа Донбас.

Красни Лиман, како што го нарекуваат градот проруските сепаратисти, се наоѓа во областа на Краматорск, на северот од административните граници на регионот Доњецк пред превратот во Киев во 2014 година.

„Од 27-ми мај 2022 година, на територијата на Доњецката Народна Република, групација на војските на ДНР и ЛНР (Луганск), со огнена поддршка на вооружените сили на Руската Федерација, ослободија и воспоставија целосна контрола над 220 населени места, вклучително и Красни Лиман“, соопштија од штабот на сепаратистичките сили во објавата чија веродостојност засега не може да биде проверена од независни извори.

Во понеделникот истиот извор објави дека се започнати офанзивни операции против украинските борбени формации во Авдеевка, Новоселивка и Красни Лиман, а два дена подоцна беше соопштено дека повеќе од половината од територијата на Лиман е под контрола на сепаратистите и оти за неколку дена целата област „ќ биде исчистена“.

Истовремено во петокот на редовниот претпладневен брифинг во руското министерство за одбрана беше соопштено дека во операциите на руската воена авијација изминатите 24 часа биле неутрализирани повеќе од 250 борци на украинските паравоени националистички формации и нанесени дополнителни материјални заггуби.

„Оперативно-тактичката и армиската авијација погодија 44 области на концентрација на жива сила и украинска воена опрема. Во воздушните напади беа уништени повеќе од 250 националисти, 84 единици разно оружје и воена опрема беа онеспособени, вклучително девет тенкови, десет теренски артилериски оружја и 22 возила за различна намена“, рече портпаролот, генерал-мајорот Игор Конашенков.

Истите руски сили уништиле и две складишта за муниција во областа на населбата Спорное во Доњецк и во Барвенково, во областа на Харков.

Во областа на црноморскиот пристанишен град Одеса, руски систем за противвоздушна одбрана собориле украински ловец „МиГ-29“, како и осум беспилотни летала во регионот Доњецк, а пресретнала и една рекета „Точка-У“ во Лиганск, тврди руското министерство за одбрана.

Досега од почетокот на руската инвазија биле уништени 180 украински борбени авиони, како и 127 хеликоптери и 1.027 илјада беспилотни летата, како и 324 противвоздушни и ракетни систем, според Конашенков.

Додаде дека уништен е и 3.281 тенк и други оклопни борбени возила, 438 повеќекратни ракетни лансери, 1.693 оружја од теренска артилерија и минофрлачи и 3.218 специјални воени возила.