
Во првото тримесечје од 2022 година, во земјава се евидентирани 4.009 живородени деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е зголемен за 2,9 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во првиот квартал од годинава умреле 7.427 лица, а од нив 12 се умрени доенчиња, што претставува зголемување од 7.2 проценти во однос истото тримесечје од 2021.
Природниот прираст е -3..418, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Во ова тримесечје од годината се склучени 2.468 бракови, и нивниот број е помал за 8,4 отсто во споредба со истиот период од минатата 2021 година.
Во истиот период добиени се 459 извештаи за разведени бракови.