Џонсон: Г7 работат на наоѓање начин за извозот на житарки од Украина

Британскиот премиер Борис Џонсон во саботата на украинскиот претседател Владимир Зеленски му кажал дека меѓународните партнери „интензивно работат“ на изнаоѓање начини за продолжување на извозот на житарките од Украина, за да се спречи глобална прехренбена криза.

Џонсон изјави дека со Зеленски разговарале за тоа колку е важно меѓународната заедница да остане обединета кога станува збор за војната.

„Џонсон рече дека Обединетото Кралство ќе соработува со партнерите од групата Г7 за да бидат поттикнати итни потези, кога станува збор за извозот на житарките“ од Украина, соопштија во Лондон.

Двајцата лидери истовремено се договориле за претстојните чекори и потребата Русија да ја ублажи, како што тие тврдат, „блокадата и да овозможи сигурни синџири за испораки“.