Перез најбрз на последниот тренинг во Монако

Мексиканецот Серхио Перез од Ред Бул во саботата беше најбрз на последниот слободен тренинг за Големата награда на Монако, којашто ќе се вози в недела, додека домашниот возач во класата Формула 1, Шарл Леклер од тимот на Ферари беше втор.

Шпанецот Карлос Санјц од Ферери беше трет, а четврт беше актуелниот шампион, Холанѓанецот Макс Верстапен од тимот на Ред Бул.

Седми беше седумкратниот светски првак, Британецот Луис Хамилтон од Мерцедес, а неговиот клупски колега и сонародник Џорџ Расел беше деветти.

Во генералниот пласман по шест трки Верстапен има шест бодови предност пред Леклер.