ВИДЕО| Протест на студентите во Атина против полициската бруталност

Стотици студенти организирани од студентски здруженија попладнево во Атина одржаа мирен протест против полициското насилство и присуството на полицијата на универзитетите.

Повредениот студент во Солун во четвртокот, во инцидентите со полицијата пред Универзитетот Аристотел беше една од причините за денешниот протест, како и универзитетска полиција, која наскоро се очекува да биде распоредена на факултетите.

Со слогани против полицијата и против Владата, студенти, претежно левичарски ориентирани, протестираа низ улиците во Атина и пред грчкиот парламент, а протестот заврши мирно.