Украинските сили последните денови се обидуваа да ја пробијат одбранбената линија во Херсонската област, на југот од Украина, но беа одбиени со многу жртви во нивните редови, изјави за руските медиуми во неделата вечерта, заменикот шеф на воено-цивилната администрација на регионот Кирил Стемусов,
Проруските сили и руската војска во првата седмица на мај ја презедоа контролата врз целата област Херсон и Азовскиот дел од областа Запорожје. Во регионите беа формирани цивилно-воени управи. Со тоа Украина целосно беше отсечена Азовското Море, а беа поврзани и регионите Херсон и Запорожје со самопрогласената Доњецка Народна Република.
„Последните денови украинските војска двапати се обидоа да ја пробијат одбранбената линија во областа Херсон кај селото Давидов Брод, но беа порази и претрпеа многу големи загуби. Се обидоа да се пробијат и да заземат позиции за да ги отсечат регионот и Херосн и Запорожје“, рекол Стемусов за агенцијата РИА.
Според него украинската војска оставила на боиштето најмалку 70 загинати борци. Тој претпоставува дека само во првиот обид за пробив украинските загуби изнесувале околу 200 луѓе и 20 единици воена опрема.
„Околу 70 загинати луѓе има на бојното поле. Сите обиди за пробив што ги прави украинската армија завршуваат со смрт на војници кои ги тераат во сигурна смрт. Сето тоа се бесполезни обиди некако да се пробие одбранбената линија меѓи Ноколаевскиот и Херсонскиот региони“, рекол Стемусов.
Сегашната администрација на регионот Херсон претходно објавија дека немаат намера да прогласуваат ткн „народна република“ по примерите од Доњецк и Луганск, туку директно сакаат вклучување како составен дел од Руската Федерација, и за таа цел ќе се обратат до Москва.