
Во кругот на поранешната фабрика „Македонија табак“ на излезот од Тетово кон Скопје утрово после девет часот избувнал голем пожар.
Бројни пожарникарски екипи се на терен и се обидуваат да го изгаснат пожарот.
Полицијата го ограничува движењето во Тетово поради големиот пожар и густиот чад.
СВР Тетово апелира до граѓаните да се воздржат од непотребно излегување, поминување или задржување на местото на пожарот.
Во околните населби е исклучена струјата како мерка на претпазливост.