
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за еднакви можности на жените и мажите и за труд и социјална политика.
На Комисијата за еднакви можности на жените и мажите ќе се формира Работна група за реализација на Планот на активности за унапредување на родовата сензитивност на Собранието на Република Северна Македонија 2022-2024.
На дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување на Законот за работните односи и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи.