ВИДЕО| Сред бел ден, маж крвнички претепан во Прилеп

На Твитер профилот „Гледачот“, се објави вознемирувачко видео на кое се гледа како група мажи брутално претепуваат на улица човек, а на крајот го оставаат да лежи во безсознание.

Како објаснување за видеото, за кое се вели дека е снимено во Прилеп (меѓутоа не е означено кога се случило насилството), пишува: „Александар Спирковски Џемо, човек кој купуваше гласови за СДСМ за време на изборите во Прилеп напаѓа со своја банда човек и крвнички претепува среде бел ден во Прилеп. МВР на Спасовски не реагира“