
Јужноамериканскиот шампион му одржа фудбалска лекција на европскиот првак, со што ја продлабочи кризата кај „аѕурите“, кои како се уште да не можат да се опорават по шокантниот пораз од Македонија во полуфиналето од баражот за пласман на СП 2022. „Гаучосите“ уште во првото полувреме дојдоа до убедлива предност со головите на Лаутаро Мартинез и Анхел Ди Марија.
Конечниот резултат го постави Пауло Дибала во 94. минута и тоа три минути откако влезе во игра.