
Најголемата и најдобрата антикризна мерка на оваа неспособна власт е оставка и организирање на предвремени парламентарни избори после кои конечно ќе започне процесот на извлекување на Македонија од бездната кон која ја втурнаа, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Само одговорна и посветена влада, составена од професионалци и чесни личности која ќе испорача резултати и која ќе покаже дека нема недопирливи и дека криминалот во власта жестоко и правично ќе се санкционира е рецептот кој ќе донесе нова надеж.
Затоа го повикуваме СДСМ наместо со неодговорни маркетинг трикови за наводна помош на разорената од криминал Македонија, конечно да покаже доблест и да ја признае неспособноста и аздисаноста на нивните шерифи низ институциите на државната власт.
Тоа ќе биде најдобриот проект на оваа неспособна Влада што може да го направи после пет години груб грабеж на земјата“ – се наведува во партиското соопштение.