
Младата македонската репрезентација ја запиша втората победа во овие евроквалификации по триумфот во завршницата од пресметката со Ерменија со 3:1 во претпоследното коло во овој циклус за Еуро 2023.
Марио Илиевски и Сефер Емини во самиот финиш од мечот по 85-та минута ја обезбедија победата, прво со гол за водство на пет минути пред крајот, а потоа и со гол од пенал на фудбалерот за врска од Македонија ЃП во шестата минута од судиското надополнување.
Ерменија изненадувачки поведе по само девет минути од стартот на мечот, па Методи Максимов со спектакуларен еврогол од работ на шеснаесетникот во 22 минута израмни, за дури во самата завршница избраниците на Драги Канатларовски да се изборат за победата.
Со овој триумф Македонија има девет бода од девет меча и е претпоследна, колку што имаат и четвртите Фарски Острови, на коло до крајот на циклусот, но сега со шанси да дојдеме и до таа четврта позиција во недела. Македонија гостува во Истанбул кај Украина, а Фарските Острови ја чекаат Србија во последното коло.