САД ги проширија санкциите против Русија

САД воведуваат санкции против неколкумина руски бизнисмени и членови на руската влада, а вкупно списокот на санкционирани се дополните со 17 лица, соопшти во четвртокот американското министерство за финансии.

„Денешните санкции се насочени против… неколку истакнати членови на руската влада, блискиот до (рускиот претседател Владимир) Путин, Сергеј Радулин“, се вели во соопштението.

Покрај тоа, со санкциите се опфатени и портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова и челникот на групацијата „Севергруп“, Алексеј Мордашов, министрите Виталиј Савељев, Максим Решетников, Ирек Фајзулини, вицепремиерот Дмириј Григоренко и бизнисменот Год Нисанов.

Американското министерство за финансии објави и санкции за 16 правни лица, меѓу кои се „Северстал“ со кое се дозволени трансакции до 31-ви август, како и против „Алгоритм“, „Севергруп“ и „ Nord Gold PLC“.

Исто така, со различни ограничувања се опфатени и јахтите „Flying Fox“, „Madame Gu“ и „Nega“ кои пловат под знаме на Кајманските острови, јахтата „Sea Rhapsody“ во сопственост на рускиот претприемач Андреј Костин под знаме на Маршалските острови, како и бродовите „ Shelest, Graceful и Olympia“ кои пловат под руско знаме. На листата се и хеликоптерот „AS365 Dauphin“ и авионот „A319“ во сопственост на рускиот претприемач и пратеник Андреј Скоч, како и бизис-џетот „BD700-1A10 Global 6000“ во сопственост „Skyline Aviation SRL“.

Министерството за финансии додава дека санкциите се воведуваат во соработка со Стејт департментот и американското министерство за трговија.

Истовремено Белата куќа објави за забрана на пристап до опрема и технологии произведени во САД за 71 правени субјект во Русија и Белорусија.