
Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави во четвртокот дека руските сили заземале 20 отсто од територијата на неговата земја во речиси стоте дене на руско-украинската војна.
Во обраќањето до пратениците во Луксембург, Зеленски додаде дека боиштето се протега на повеќе од илјада километри, пренесува BBC.
„Во агресијата се вклучени сите руски единици подготвени за борба“, тврдеше Зеленски во обраќањето преку видеолинк.
Обраќањето на украинскиот претседател доаѓа во времето кога силите на одметнатите проруски региони поддржани од руската војска ги засилија нападите врз позициите на украинските сили во Северодонецк во источниот регион Донбас.
Заземањето на Свередонецк се смета за клучно за натамошниот тек на борбите, бидејќи контролата на провремената престолнина од страна на властите во Киев на регионот Луганск, кој во најголем дел е под контрола на проруските сепаратисти. Со заземањето на Северодонецк и помалиот близок град Лисичанск, руските сили би ја контролирале целата административна територија на регионот Луганск од пред превратот во 2014 година. А тоа, покрај поврзувањето на полуостровот Крим со другиот проруски сепаратистички регион Доњецк, би претставувало остварување на една од главните цели на руската воена операција во Украина.