
Годишната инфлација во Турција се зголеми на 73,5 отсто во мај, што е највисока стапка во последните 24 години. Меѓу најпогодените сектори се транспортот, каде цените се зголемија за 107,6 отсто на годишно ниво, и храната, каде што трошоците се повисоки за 91,6 отсто, покажуваат податоците на Турскиот статистички институт.
Ова е највисокото ниво на инфлација во Турција од 1998 година.
Турската централна банка одби да ги зголеми каматните стапки и покрај инфлацијата, одржувајќи ги непроменети повеќе од пет месеци.
Претседателот Реџеп Тајип Ердоган се спротивстави на мерката. Тој на крајот на мај рече: „Оние кои се обидуваат да ни наметнат врска меѓу референтната стапка и инфлацијата, се или неписмени или предавници“.