
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека во последните години на иницијатива, Американците „активно манипулираат со цариградскиот патријарх и работат на уништување на православието“.
„Знаете какви деструктивни активности беа преземени во Украина во однос на Украинската православна црква. Создадена е квази структура наречена Православна црква на Украина. Тие се обидуваат да ги распарчат Сириската и Српската православна црква“, рече Лавров, пренесе Спутник.
Рускиот министер за надворешни работи наведува дека дел од сегашниот курс на Западот е насочен кон поткопување на сѐ што е поврзано со Русија, Словените и православието.