
Германскиот парламент во петокот одобри зголемување на минималната саатница на 12 евра, исполнувајќи го клучното предизборно ветување на канцеларот Олаф Шолц пред минатогодишните избори, јави Анадолија, пренесува Ал Џезира Балканс.
Правилото за минимална плата во Германија стапи на сила во 2015 година, на инсистирање на социјалдемократите на Шолц, левиот центар, кои во тоа време беа партнери во владата на конзервативната канцеларка Ангела Меркел.
Минималната плата првично беше 8,5 евра на час. Комисијата која ги надгледува ваквите зголемувања на платите, а вклучува претставници на синдикатите и работодавачите, подоцна го одобри зголемувањето на сегашните 9,82 евра на час. Минималната саатница од 1 јули ќе се зголеми на 10,45 евра, а три месеци подоцна ќе достигне минимум 12 евра.
Шолц долго време се залагаше за зголемување на минималната саатница на 12 евра и ја направи клучен елемент на неговата кампања минатиот септември.
Студент од Македонија измислил еднократен лек за простатитис!
Зголемувањето на платите доаѓа во услови на зголемена инфлација по конфликтот Русија-Украина. Годишната стапка на инфлација во Германија во мај достигна 7,9 отсто, што е највисока од зимата 1973/1974 година.
Шолц во средата рече дека сака да им се придружи на работодавците и синдикатите во „заедничка акција“ за да се најдат начини да се ублажат ефектите од растот на цените и да се спречи инфлацијата во најголемата европска економија.