
Полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Битола извршиле службен разговор со 17-годишник, поради основано сомнение дека на 28.12.2021 на ул.„Мордо Нахмијас Лазо“ во Битола со закана со остар предмет од Љ.Н.(20) од Битола му одзел личен накит.
Лицето во целост го признало и појаснило кривичното дело, дел од украдениот накит е пронајден кај него и ќе биде вратен на сопственикот, а против сторителот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.