
Македонската ракометна легенда Кирил Лазаров, вчера официјално и стави крај на играчката клупска кариера.
Поддршката за актуелниот селектор на машката ракометна репрезентација од блиските и јавноста е голема.
Најдобриот стрелец во Лигата на шампионите доби поддршка, благодарност и од РФМ.
-Ти благодариме за севкупниот ГОЛЕМ придонес во македонскиот ракомет и ти посакуваме поуспешна работа во понатамошната кариера, објавија од Федерацијата.
-Вистински талент во кој можевме да уживаме 25 години. Ќе ни недостасуваш, објавија и ЕХФ.