
СДСМ да ги врати милионите што ги украде Заев, и Мајбахот на Трајче, со кој може да се купат 5 противпожарни возила. Над 20 милиони евра се изрекетирани во рекет шема на СДСМ. На тоа уште десетици нивни фирми потоа влегоа во РЕК Битола и го упропастија комбинатот, а Македонија ја оставија без струја. Штетите од ова се 250 милиони евра годишно, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека поради криминалот на СДСМ сега плаќаме скапа струја.
– СДСМ да ги врати парите украдени од Рашковски и Мухамед Зекири, кои наместо генерални секретари биле генерални криминалци. И испумпале милиони евра. СДСМ да ги врати парите, а ќерката на Ковачевски да не патува на државен трошок кај Папата, Ева Заева да скрати од луксузните патувања. СДСМ да не краде, тогаш ќе има пари и за поголеми плати и струјата ќе биде поевтина. Премногу е, протест за промени на 18-ти јуни во 20 часот пред влада, се додава во партиското соопштение.